Предлог-план за развој и промоција на неурофидбек дигитален центар
Целта на овој проект е во период од 6 месеци да се постави стабилна дигитална основа за неурофидбек центарот, преку едукација на пазарот, градење доверба и создавање систем што ќе овозможи понатамошно ширење во други градови (Охрид и Тетово).
Фокусот на првата фаза не е веднаш отворање нови центри, туку создавање силно дигитално присуство кое ќе ја објасни терапијата, ќе ја позиционира Весна како експерт и ќе овозможи луѓето лесно да стапат во контакт и да закажуваат.
Проектот се состои од три главни компоненти.
I. Изработка на веб-сајт и дигитална платформа
Првиот и најважен чекор е создавање едукативен и информативен веб-сајт кој ќе служи како централно место каде луѓето можат да се запознаат со неурофидбек терапијата и работата на центарот.
Овој сајт нема да биде класична маркетинг страница, туку дигитален информативен центар кој објаснува што е неурофидбек, како функционира и кога може да помогне.
Сајтот и содржината ќе бидат на три јазика: македонски, албански и англиски; потоа ќе се проширува и на други јазици. За странците е многу поевтино да дојдат тука на третман отколку во нивните земји, а за нив може да се наплати повисоко.
1. Презентациски дел
Сајтот ќе содржи јасно структурирани секции кои на посетителите ќе им дадат целосна слика за услугата:
- Што е неурофидбек – основно објаснување на методот и принципот на работа
- Кој може да има корист – деца, возрасни, различни состојби
- Како изгледа процесот – чекори од прва консултација до сесии
- Колку трае процесот – реални очекувања и тек на терапијата
Целта е посетителите да добијат доверба и разбирање пред да стапат во контакт.

Зборувај со Vesna AI
2. AI Chatbot – достапен 24/7
На сајтот ќе биде интегриран чатбот кој ќе одговара на прашања во секое време.
Ботот ќе биде обучен врз основа на информации што ќе ги даде Весна:
- објаснувања за терапијата
- најчести прашања од родители
- информации за процесот и термините
Луѓето ќе можат да поставуваат прашања на свој јазик, а ботот ќе дава јасни одговори.
Ова има неколку важни предности:
- потенцијалните клиенти добиваат одговор веднаш
- се намалува бројот на телефонски прашања
- луѓето се информираат пред да дојдат на консултација
- центарот изгледа модерен и професионален
3. Блог – континуирана едукација и видливост
Блогот е еден од најважните елементи на сајтот. Содржината ќе биде на три јазика (македонски, албански, англиски), со подоцнежно проширување на други јазици — за странците е поевтино да дојдат тука на третман отколку во нивните земји, а за нив може да се наплати повисоко.
Редовното објавување на едукативни текстови има три големи ефекти:
- Видливост на Google – Google многу повеќе рангира страници кои постојано објавуваат нова содржина.
- Видливост во AI системи – Современите AI системи (Gemini, ChatGPT, Perplexity) често користат информации од веб-страници за да даваат одговори. Со правилна структура и содржина, можно е кога некој ќе праша за неурофидбек во регионот, да се појавува и центарот.
- Градење доверба – Кога родителите читаат објаснувања и искуства, тие полесно се одлучуваат за терапија.
4. Testimonials – реални искуства
Во оваа секција ќе се прикажуваат реални искуства од родители и клиенти.
Ова е еден од најмоќните фактори во здравствени услуги.
Реалните искуства:
- ја намалуваат несигурноста
- ја покажуваат практичната вредност на терапијата
- создаваат доверба кај новите клиенти
Секое сведоштво може да биде:
- текстуално
- видео
- кратка изјава со име и искуство
5. Апликација и систем за закажување
Како дел од платформата ќе се развие апликација или веб-систем преку кој клиентите ќе можат:
- да закажуваат термини
- да добиваат потсетници
- да имаат увид во извештаи или напредок (ова е многу битно да го разбереш дека е неопходно, ќе зборуваме повеќе ако се договориме)
Во светот ваквите системи стануваат многу популарни затоа што:
- ја подобруваат организацијата на центарот
- им даваат чувство на структура на клиентите
- ја зголемуваат професионалноста на услугата
Овој систем може да стане основа за идно проширување и во други центри.
II. Видео продукција – експертски кратки видеа
Втората фаза од проектот е создавање серија кратки едукативни видеа со Весна.
Овие видеа ќе се користат за:
- YouTube
- TikTok
Форматот ќе биде кратки објаснувања од 30 до 60 секунди каде Весна ќе објаснува различни теми поврзани со мозокот и неурофидбекот.
Пример теми:
- што се мозочни бранови
- дали неурофидбек е безбеден за деца
- како изгледа една сесија
- кога родителите треба да побараат помош
Овој формат е многу важен затоа што:
- луѓето повеќе веруваат на лице отколку на текст
- видеата се лесни за споделување
- алгоритмите на социјалните мрежи ги промовираат ваквите содржини
Во рамките на проектот се предвидуваат два пакета снимање, при што во еден ден може да се снимат повеќе кратки видеа кои потоа ќе се објавуваат постепено.
Локацијата на снимањето може да биде во Штип или во Охрид, во зависност од организацијата.
III. Маркетинг – платен и органски
Во текот на 6 месеци ќе се работи на комбинирана маркетинг стратегија.
Важно е да се нагласи дека ова не е само објавување на социјални мрежи, туку систематски пристап.
Маркетингот ќе биде на три јазика (македонски, албански, англиски), потоа ќе се шири и на други јазици — за странците е многу поевтино да дојдат тука отколку во нивните земји, а за нив може да се наплати повисоко.
Органски маркетинг
Органскиот маркетинг вклучува:
- редовно објавување едукативни содржини
- блог статии
- кратки видеа
- одговори на прашања од заедницата
Целта е да се изгради репутација и доверба.
Платен маркетинг
Платениот маркетинг се користи за да се стигне до луѓе кои не знаат дека постои оваа терапија.
Може да вклучува:
- Google реклами
- Facebook / Instagram реклами
- YouTube реклами
Овие реклами не се агресивни, туку едукативни и информативни.
Главна цел на маркетингот
Не е само доведување клиенти, туку:
- едукација на пазарот
- позиционирање на центарот како експерт
- создавање интерес за идни центри
Времетраење на проектот
Проектот е планиран да трае 6 месеци.
Во овој период:
- се гради сајтот
- се создава содржина
- се развива маркетинг стратегија
- се тестира интересот на пазарот
По истекот на 6 месеци, доколку една од страните не е задоволна од соработката, таа може да се прекине без обврска за продолжување.
IV. Проценета вредност на проектот и понуда за соработка
За да ти биде јасно колкава е реалната вредност на активностите што се планирани, подолу е прикажана ориентирна проценка на цените кога ваков проект би се реализирал за клиент на пазарот. Цените се пресметани за период од 6 месеци, со реални и умерени пазарни вредности за ваков тип услуги (дизајн, развој, содржина и маркетинг).
Во реално сценарио, за клиент, ова би го чинело:
(Ова е конзервативна проценка; вакви проекти често се значително поскапи кога се изведуваат од маркетинг агенции.)
3 главни компоненти, 1 јасна цел
Стабилна дигитална основа за центарот, тестирање на пазарот и подготовка за проширување.
*Во предлог-моделот за соработка, нашиот надомест е заменет со горе-наведените трошоци (9.100 €) со бесплатни третмани за Маркијан и заедничко градење на центарот во Охрид и Тетово.
Предлог за соработка
Во интерес на нашата идна соработка и развој на проектот, предлагаме следниот модел:
Во период од 6 месеци јас и мојот тим ќе работиме на развој на сајтот, содржината и маркетингот без финансиски надомест, со цел да изградиме стабилна дигитална основа за центарот и да го тестираме интересот на пазарот за проширување во Охрид и Тетово.
Како дел од оваа соработка, третманите за Маркијан би биле бесплатни во истиот период.
По истекот на 6 месеци, двете страни ќе можат да проценат дали сакаат да ја продолжат соработката и на кој начин да се развива проектот понатаму.
Напомена: цела година има одржување на системот и сајтот од мене, бесплатно.
Задачи што би ги имала ти, Весна:
- Создавање содржина за видеа
- Ние ќе предложиме контент календар за 6 месеци објавување статии (ќе биде сработен со вештачка интелигенција), ти ќе треба да го разгледаш и доколку ти се допаѓа – да го потврдиш, па да го сработиме. Секоја блог пост објава, ќе треба да ја прочиташ и одобриш пред да излезе во јавност. Со ова ти намалуваме неверојатно голем дел од работата; ако сакаш можиш и сама да го сработуваш, ама глупаво е да одиме пешки за Турција кога има авион, нели? :D